Коментари

„Не ја пропуштија ни холивудската презентација на журналот на филмот за ‘Животно дело’ на режисерот д-р Груби, во копродукција со Бехтел и Енка“

„Би разбрала министерката за труд и социјална политика и градоначалникот на Центар да присуствуваат на поставување камен-темелник на градинка, или на ОТВОРАЊЕ на градинка, ама на политичко крунисување на молеро-фарбарски работи? Не можам да одгатнам што бара шареното владино-собраниско друштво, пресреќни заради ОБЕЛЕНИТЕ sидови, небаре волонтирале во кречењето!“, реагира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, откако шест функционери меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски промовираа молерисани занимални во градника.

Таа додава:

Не е првпат да забележиме некои од нив заедно, наместени за јавно сликање. Не ја пропуштија ни холивудската презентација на журналот на филмот за „ЖИВОТНОТО ДЕЛО“ на режисерот д-р Груби, во копродукција со Бехтел и Енка, а сме ги виделе и во други прилики со премиерот како уживаат во ЕДИНСТВОТО на власта!

Неевропски и недемократски е фронтовски, односно војнички да се стројат и парадираат законодавната и извршната власт во детски градинки! Нецивилизирано, нехумано и ЗАБРАНЕТО со меѓународните/европските норми е да се прави ПОЛИТИЧКИ УПАД во детскиот свет.

Одговорноста за ПОЛИТИЧКОТО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ не е само на политичките натрапници, туку и на оние кои ја водат градинката. Тие не смеат да учествуваат во политички молерај❗️

На почеток