„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија“ – лавина реакции откако лутеницата стана кавијар
Негативни коментари и досетки. Вакви од прилика се реакциите за воведувањето на повисок данок на како што вели Владата, луксузни производи, но и на оние кои за нив не се здрави за конзумирање. Не стивнува незадоволството, поради поскапувањето кое се очекува.
Урдата доби статус на кавијар, исто како и растителните сирења, млечните намази, павлаката за готвење и мајонезот. Замрзнати теста, брашно, сирење, зденка, кашкавалот од типот гауда и ајдамер… сладолед, чипс, мастики… феферони, лутеница, цвекло, конзервирана храна… компоти, чаеви… Детска храна, гриз, овесни снегулки, еурокрем, бонбони… Тропско овошје, сушено овошје, зачини, црни бибер, сусам, сончоглед… Наполитанки, инстант кафе… Замрзната риба… Се работи за повеќе од илјада производи, кои ќе добијат повисоки цени.
„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија“, напиша корисник на „X“.
За чесните стана луксуз да живеат во Македонија.
— Џорџ Вашингтон (@GeorgeFromMkd) October 6, 2023
„Децата станаа луксуз во Северна“, напиша друг корисник.
Децата станаа луксуз во Северна‼️⚠️ pic.twitter.com/kdrvNckKAD
— Рејмонд Редингтон (@Redington_M5) October 6, 2023
„Од денес нов ценовен шок. Не знаев дека и брашното било луксуз. Дај бе еднаш оваа некадарна власт нека викне некој асален по економија да ја подучи додека и помине овој пуст, празен мандат.Не соголеа до гола кожа!“, пишува Недопирлива.
Од денес нов ценовен шок. Не знаев дека и брашното било луксуз. Дај бе еднаш оваа некадарна власт нека викне некој асален по економија да ја подучи додека и помине овој пуст, празен мандат.Не соголеа до гола кожа!
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) October 6, 2023
„Кашкавал стана луксуз, млеко луксуз, овошје луксуз, гриз луксуз, храна за деца луксус. Следно децата ќе бидат луксуз, во северна животот е луксуз, остана само преживување“, напиша Клисарот.
Кашкавал стана луксуз, млеко луксуз, овошје луксуз, гриз луксуз, храна за деца луксус. Следно децата ќе бидат луксуз, во северна животот е луксуз, остана само преживување.
— клисарот (@pepelkoklisarot) October 6, 2023
И преку фотографии, корисници на социјалните мрежи ја доловуваат суштината.
Владата:
-Цвеклото е луксуз!Народот 👇 pic.twitter.com/BwfwkTEYjl
— Ološ (@OloshMakedonski) October 7, 2023
„Лутеница е луксузен производ и ќе се даночи дупло, а нивните 4500 СЛУЖБЕНИ автомобили се есенцијално добро и не спаѓаат у луксуз јер зошто секоја секратарка/дупачица на директор у Јавно претпријатие не би добила колица за играње курташак низ град. Држава, синоним за депонија“, коментира Бапчо.
Лутеница е луксузен производ и ќе се даночи дупло, а нивните 4500 СЛУЖБЕНИ автомобили се есенцијално добро и не спаѓаат у луксуз јер зошто секоја секратарка/дупачица на директор у Јавно претпријатие не би добила колица за играње курташак низ град.
Држава, синоним за депонија.
— Бапчо (@TheFitzzz) October 6, 2023
„Апетитов ми е на максимум на денот кога некои полиписмени ликови лупетаат шо е луксуз а шо потреба. Дали тоа универзумот ми вели дека сабајле наместо чорба варено геврече да си апнам“, стои во друг коментар.