„Брашно и чај се луксуз ама бифтеците што ги плаќаме да ги јадат политичарите не се проблем“


Ниту инфлуенсерката која на јавноста и е позната под псевдонимот Ина Многуфина, не одолеа да ги искоментира владините луксузни цени. Таа немилосдрно удри по функционерите.
„Брашно и чај се луксуз ама бифтеците што ги плаќаме да ги јадат политичарите не се проблем. Цвекло и овесни се луксуз ама патните трошоци ко да се возат од Марс се нужни за да дојдат на работа и да гласаат сложно за да зимаат патни трошоци при станови во Скопје.
Буџетот ќе го пуниме од луксузот на народот ама ако некој го чепне и го собере нема да лежи баш пошо им плативме да дојдат на работа и ги наранивме бифтеци за да го изгласаат законот. ‘Нека јадат колачиња’“, искоментира таа.
Реакцијата е само дел од многуте, а по повод воведување на повисок данок за производи, кои Владата ги нарече „луксузни“. Меѓу нив се и основни намирници.
„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија“ – лавина реакции откако лутеницата стана кавијар
