Македонија

Која е судијата која досуди условна за усмртениот моторџија кај „Млечен“, три години за прегазениот пешак кај МНТ

Изрекувањето на казна под минимално предвидената кога суди сообраќајни несреќи, не е првпат за судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ од Кривичниот суд во Скопје. На јавноста и е познат уште најмалку еден случај, кога одговорноста се сведе на условна осуда. Освен на јавноста, судијката им е позната и на Соединетите Американски држави. Денешната пресуда за прегазениот старец кај мостот „Гоце Делчев“, е уште една казна која јавноста ја процени како ниска, а законот ја смета за и за под минималните граници.

Илиевска Јосифовиќ е судијката која донесе условна казна за возачот кој во сообраќајката кај „Млечен“ поминувајќи на две полни линии, усмрти маж, а неговата сопруга имаше тешки повреди и го изгуби плодот.

Таа беше пријавувана и кај Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија поради сомневање за несовесно и нестручно работење. Судијката Илиевска – Јосифовиќ е посочена во извештајот на Стејт Департментот за Македонија, во 2017 година, како една од судиите преку која се прават политички манипулации во Кривичниот суд.

Истата судијка, го судеше и процесот за прегазениот старец пред мостот „Гоце Делчев“, кој беше усмртен од возачот Гордана Филиповиќ среде пешачки премин. Судијката Илиевска-Јосифовиќ и досуди три години затвор и забрана за управување со моторно возило. Тригодишната казна е и под законскиот минимум, бидејќи за делото е пропишана казна од минимум четири години.

Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на преминот по кој се движел Анѓеловски. Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.

На почеток