Хајредини го искара Битиќи поради Груевски: Не е и не може да биде добро за државата кога се помирувате поради корупција


Ексминистерот за финансии кој е актуелен политички аналитичар, Џевдет Хајредини, не се согласува со изјавата на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој кажа дека е прифатливо помирување помеѓу власта и експремиерот кој е бегалец, Никола Груевски. Хајредини го стави во кошот на криминалци.
„Не е и не може да биде добро за државата, кога корумпираните криминалци се спремни да се помират меѓу себе, за да продолжат со корупцијата“, напиша Хајредини.
Ставот на Хајредини го дели и професорката по право, Мирјана Најчевска, која го сподели статусот објавен на социјалните мрежи.
На темата наречена „Никола Груевски“, вицепремиерот Битиќи говореше во телевизиско гостување.
Прво признание: Власта подготвена да се помирува со Груевски и да му ја ублажи казната
