Македонија

Три лица нападнале жена од Скопје, ја повредиле со остар предмет

Три лица нападнале жена од Скопје, ја повредиле со остар предмет

Вчера околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, со повреда од остар предмет била пронајдена Л.Х.(29) од Скопје, по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, три лица ја нападнале, а едно од нив ја повредило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток