Коментари

Со само едночасовна прошетка низ скопските улици ќе проголтате повеќе прашина отколку за една недела во Кападокија или Сахара, вели Беќаровски

Загадениот воздух во Скопје и хаосот по улиците е тема на која пишуваше докторот Нико Беќаровски. Тој смета дека улиците се нечисти и дека граѓаните се трујат како да се во Сахара.

„Со само едночасовна прошетка низ скопските улици и тротоари ќе проголтате повеќе прашина отколку за една недела во Кападокија или Сахара.

“Општинските татковци” и “мајката на градот” очигледно повторно чекаат дождот да им ја заврши работата за која се избрани.

Поздрав од пола милион “скопски сирачиња” кои секој ден безмилосно ги труете.

П.С. Колку да знаете и Пепелашка ги дочека своите пет минути“, напиша Беќаровски.

На почеток