Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер, тврди Јоци
Разрешувањето на директорката на „Комунална хигиена“, Косана Николиќ-Мазнева, се најде како тема на анализа кај политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци.
„Неофицијално, Косана Николиќ-Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер. Не се познати детали. Дали е случајност или не, на 19 октомври, следната недела, ,,Комунална хигиена” мора да распише, а месецов и да склучи – едногодишен габаритен тендер за нафта. Лани, тој тендер беше околу 2,1 милиони евра, а во времето на Шилегов 1,1 милиони евра. И во 2021 и во 2022, ги доби ,,Пуцко Петрол”“, пишува Ивановска-Јоци.
Според неа, скандалозно е разрешувањето.
„Како и да е, скандалозното разрешување на Мазнева [ позната од 2009 како ,,косовка девојка”] е чудно, со оглед дека се одметна од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ под патронат на Н.Груевски и така некако стана директорка на ,,Комунална”, а потоа ,,грлом у јагоде” се залета и влезе во војна со матичната партија. Арсовска со тоа што денеска демонстрираше сила врз неа, демонстрираше и врз Груевски. Логички, но не ги знаеме деталите, а ќе се видат деновиве. Од друга страна, пологички, можеби токму Груевски, за кого Ахмети кажа дека имале тајни средби за кривичниот законик, а се шпекулира дека ,,курирот” Скопје виа Пешта е еден нафтен газда близок до ДУИ – дал ,,зелено светло” за бламирачко отстранување на Косана од претпријатието, а со тоа и од политичка сцена. Како и да е, Градот е киднапиран од Арсовска и буквално си игра играчки со него. Ова е 37 смена на директор. Башибозукот и агресијата никако да престанат“, додава јОЦИ..