Македонија

(Видео) Битиќи нервозно напушти, Ковачевски замина без да даде одговори на пресот

Низата прашања кои не добија конкретни одговори ги налутија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и премиерот Димитар Ковачевски. Двајцата ја напуштија прес-конференцијата. Откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори, а Битиќи замина.

„Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што ќе биде назначен Албанец за премиер, а функцијата шеф на државата ќе му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери?“

Вака гласеше новинарското прашање на коешто Битиќи веднаш реагираше:

– Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања – рече Битиќи и ја напушти прес-конференцијата.

Камерите го снимија вицепремиерот како нервозно се качува во автомобил и без поздрав го напушта местото.

Ковачевски, пак, оцени дека новинарското прашање било „апсолутно некоректно“.

Потоа, Ковачевски одговараше на новинарско прашање, по што, наместо да ги ислуша новинарите, си замина и тој.

На почеток