Коментари

Пендаровски навлече гнев поради Мицкоски: Доцна е да зборувате за рејтинг, вашиот е 0.2%, што значи не постоите на политичката сцена

Господине Пендаровски, доцна е да зборувате за рејтинг, вашиот е 0.2%, што значи не постоите на политичката сцена, му порача пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на шефот на државата. Пратеникот додава дека секое појавување на претседателот му помага да ја доизгуби поддршката, па му упати порака да не се споредува со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сте му ни до колена со Вашата полтронска, анти-македонска и политика за одбрана на криминалот. Колку штетни работи направивте против сопствената држава знаете ли? Г-не Пендаровски, Вие лично ги навредивте сите бранители на Македонија дека сме биле неспособни во 2001 година и затоа сме ја изгубиле војната (изјавава ви е пред околу 2 години). Еве и да е така, а не е, дали не мислите дека отсуството на Ковачевски и таквите како него во борбените редови на АРМ има некаков допринос за тоа? Г-не Пендаровски, Вие се сликавте со Благојче, си правевте личен ПР, му ветивте лек за цистична фиброза но наместо лек, момчето замина од овој свет. Г-не Пендаровски, дали не се срамите кога излезете на ТВ и со кој образ и’ се обраќате на македонската јавност кога ја навредивте целата нација со тоа што за најголемиот македонски син Гоце Делчев кажавте дека е неспорна историска вистина дека бил Бугарин?“, напиша Ковачки.

Пратеникот постави низа прашања.

Г-не Пендаровски, дали се сеќавате како дрско и безобразно ја лажевте цела нација дека не сте виделе француски предлог, а после тоа да се демантирате дека токму лично Вие сте го работеле тој предлог? Г-не Пендаровски, дојдовте на власт со “нема правда нема мир”, дури и маичка со супермен носевте, а раце ќе скршевте од брзина да ги потпишете измените на Кривичниот Законик со кој ги ослободувате криминалците од ДУИ и СДС од идни кривични гонења. Г-не Пендаровски, се сеќавате ли како отсечно реагиравте и рековте дека нема да ги потпишете спорните закони поврзани со Бехтел-Енка, за да после држите прес-конференции и да ни објаснувате дека не бил прекршен Уставот? Г-не Пендаровски, дали се сеќавате дека одбивте учество на Македонија во Европската Економска Зона, после што следеа дополнителни блокади на патот кон ЕУ? Сте се прашале ли за причините? Г-не Пендаровски, од Вас се откажа и Зоран Заев којшто Ве номинираше за Претседател и откако веќе бевте Претседател Ве нарече дека сте неискусен политичар. Г-не Пендаровски, како врховен командант на АРМ, дали знаете колкава штета направивте со формацијата и со измените кои што следат?
Дали знаете дека кадровските решенија Ви се тотално промашување со што ризикувате да добиеме негативни оценки од НАТО во делот на исполнување на преземените обврски? Г-не Пендаровски, кога ќе кажете збор-два за јавните објави за инкриминација на кланот Ахмети, или свесно молчите и просите поддршка за следен мандат од ДУИ? Г-не Пендаровски, каков Претседател на држава сте ако не знаете што ќе правите сам со себе во следните 5-6 месеци односно не знаете дали повторно ќе се кандидирате, а некој Ви дал доверба да ја водите државата? Или купи-ден-помини политика мислите дека поминува кај народот? Г-не Пендаровски, се срамите ли што дозволивте функцијата Претседател на државата да ја подредите и да потпаднете под влијание на Директорот на Агенција за Разузнавање Еролд Муслиу кој секојдневно Ви сервира пикантерии на кои не можете да одолеете? Г-не Пендаровски, Вие сте лош пример на трансформација од најголем Југоносталгичар во про-западен политичар. Г-не Пендаровски, изгледа како и за се’ што Ве држат во затворен круг и балон, така Ве лажат и за анкетите дека сте најпопуларен политичар. Ако сте сигурен во тоа што го говорите, охрабрете се, не се плашете од Оливер Спасовски и кандидирајте се за нов мандат. Соочете се со народот, тој ќе Ви ја каже неговата анкета. Најслаб Претседател во историјата на Македонија. #Стево0.2%“, додаде Ковачки.

На почеток