Коментари

Агелер буквално живее во Влада, дајте да баталиме седници на Собрание, немаат функција, коментира Мицковски

Новата средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски со амбасадорката на САД во земјата, Анџела Агелер, донесе и реакции. Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски, заклучува дека амбасадорката буквално живее во Владата. Смета дека Владата и Собранието немаат реална функција.

„Не сфаќам како Владата и премиерот си немаат повеќе никаков проблем јавно да не информираат за секоја најнова средба со американската амбасадорка, секоја недела.

Буквално жената живее во Влада, заедно стискаат копчиња, на сите настани се гледаат, дајте да баталиме Седница на Влада и Парламент, пошто и онака немаат никаква реална функција повеќе.

Доволна е една слика еднаш неделно, Ковачевски, Груби/Али и Агелер, заедно во пријатна атмосфера и само нека споделат кратко соопштение за одлуките.

Па ј**о вас бог вас јебо и пред вас функционери се гледале со амбасадори, ама вие од протекторат не напраивте тотална карикатура, па почнавте амбасадори да носите и на партиски настани. Малку осет се треба за држава, ама лоповите на државата се знае, отсекогаш најблиску стоеле до странците и моќните“, напиша тој.

На почеток