Панчевски ги избрука „големите“ компании: Крадете капањи, а имате милионски буџети
Маркетинг менаџерот и сопственик на маркетинг компапнија, Дарко Панчевски, ги обвини големите корпорации дека ја крадат ркативноста на малите агенции. Тој посочува и пример од искуство за украден концепт. Панчевски додава дека асе крадат имиња на настани и концепти.
„’Големите’“ корпорации ја крадат креативноста на ‘малите’ агенции… Има толку безобразни ЕНТИТЕТИ (општини, компании со особен акцент на трговски центри, агенции …) со милионски буџети и пак ни ја крадат креативноста на нас “МАЛИТЕ” креативци. Крадат имиња на настани, концепти, тон на комукација па и стил.. Најчесто тоа го прават дека се безидејни личности, суетни и егоистични па тргнувајќи од позиција на моќ си тераат по свое без грам етика и морал. Потполно знам зашто копираат ! Кампањите на “малите креативците” се впечатливи со силно влијание, имаат моќни и лесно препознатливи слогани и пораки па за да си завршат работа во ситуација на безидејност си крадат“, пишува Панчевски
Тој додава: Правна заштита на нашите креативни дела е не рентабилна работа и не можеме да издржиме заштита на се што твориме, иако за конкретниве два случаја сме во процес… (процесот е долг и не секогаш може да се заштитиш на време)
Време е ЈАВНОСТА и МЕДИУМИТЕ да одржат лекција за морал и етика и да ја “КАЗНАТ” оваа дегутантна појава на “ГОЛЕМИТЕ”, се разбира големи се само на финансиско конто а за казна може да смислиме кампања за бојкот на овие ентитети… Малку инфо: Годинава ми беше украден концепт на фестивал ( име на настан, лого, стил на комуникација и сл.) .. Денес една компанија краде 70% од името на настан што се реализираше пред 2 недели … Драги “ГОЛЕМИ” не се брукајте, побарајте понуда ќе ве чиниме колку што ве чинат платите на тие што ве … а ефектот од нашата работа Eфектот во оваа бранша е мерлив па ќе си почуствувате дека си ги заслужуваме хонорарите … Бруки!“.