„Дрин Ахмети во Њујорк, Мијалков во Монте Карло, Македонците во Маврово 7 саати заглавени во кола“ – што сè пишува за Мијалков и „Ферарито“
Низа коментари, критики, но и пофалби дојдоа на сметка на Сашо Мијалков, ексдиректор на УБК. „Скопје1“ прв ја објави снимката со него во Монте-Карло, како излегува од луксузно „Ферари“. Низа прашања се отворија. Особено, како со плата од УБК во просек по околу 70 илјади денари месечно, стекнал илјадници евра.
Па така, ексобвинителот и актуелен адвокат, Воислав Димоски вели: „Народот има полно право да се интересира за Ферарито на Мијалков како за свое. Крајно, истото е купено со народни пари“.
Бидејќи Мијалков е пуштен од затвор со пробација, пред време, поради добро однесување. Но пробацијата носи свои обврски. Не се знае кога е направена снимката која е објавена вчера, исто како што не се знае дали слободното шетање на Мијалков во Монако е согласно законите.
Но има и такви му даваат поддршка на Мијалков и критиките ги упатуваат кон порталите, без разлика што Мијалков призна дека крадел од државата преку сторување на кривични дела, па призна вина и враќаше.
Ова го искоментира новинарот Кристијан Ландов.
Со прст е покажано и кон правосудството
.@USEmbassySkopje @USAmbNMacedonia
Еве кај отидоа Вашите инвестирани долари за реформи во судството и обвинителството 🤷♀️
Во Мијалков, Заев, Никола, Филипче, Ахмети, Груби, Бујар Османи, Невладини организации, Новинари, Портали, Судии, Обвинители
Да, еве ги доларите 🤷♀️ https://t.co/B6dKIBofqX pic.twitter.com/TJn9PK4pK3— Мaрга (@MKDProLet) January 8, 2025
А споредба е направена и со обичниот граѓанин на Македонија.
Дрин Ахмети во Њујорк, Мијалков во Монте Карло, Македонците во Маврово 7 саати заглавени во кола.
— Златоуста (@jasisamojas1) January 8, 2025
Други ги коментираа гревовите на Мијалков.
Најголемиот грев на Мијалков не е дека ја украде цела држава, туку дека уништи фирми, компании, фамилии, државен систем… ама тоа е, наградно добил црвено ферари да шета низ Монте Карло. Не личи со точак таму да педлаш, а и доста стрмно е.
— 660 (@BBozh) January 8, 2025
Имаше и иронични коментари.
Сите му завидувате на Мијалков за Ферарито, а сте се запрашале како му е ко ќе треба да прави мал/голем сервис? Како му се стега срцето ко ќе почне да тропа нешто, да светка, и ќе ја однесе на механичар? Не а? Само за себе мислите! 😤
— Macc88 (@Namoitemaliot) January 8, 2025