Коментари

Без постапки за Ахмети, Османи, Груби, тие ќе ги користат механизмите на демократијата да ја уништуваат демократијата, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби се водачи на мафијата наречена ДУИ. Таа смета дека на раководни структури се поставуваат и луѓе на лик, на нив. И така, според Најчевска, се уништува демократијата.

„Се додека не се покренат и не се доведат до крај постапки против водачите на мафијата наречена ДУИ (Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, …) тие ќе ги користат механизмите на демократијата да ја уништуваат демократијата.

Се додека на раководни позиции се поставуваат исти такви мафијаши како што се оние на ДУИ се до тогаш демократијата и владеењето на правото нема да виреат во Македонија“, вели Најчевска.

На почеток