Коментари

Пратеник на СДСМ ги кара медиумите и граѓаните: Проста мизерија

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски ги искара медиумите и граѓаните кои имале почит кон Србија за ангажирањето на авионот, но не и кон Владата на Македонија која го платила.

“Првин благодарност до братска Србија за взаемниот почит и однос, но зошто главна вест на наслов по портали и медиуми вчера беше “Ер Србија” евакуира македонски граѓани од Израел и одекнувало во авионот од патниците “да живее Србија”.

Проверете повеќе извори на информирање и ќе дојдете до официјални информации дека македонска Влада или македонска држава организирала превоз за да се спасат патниците.

И тоа е направено и платено од државниот буџет значи сме платиле сите ние или сите граѓани од наш џеб.

Не овие вести по портали има по 3000 лајкови и коментари а нема еден браво за нас или да живее Македонија.

И баш поради тоа за оваа проста мизерија можеби најдобро би ја опишал српскиот историски лик Никола Пашиќ со неговата позната реченица – ‘Спаса нам нема, пропасти нећемо’”, напиша Костовски.

На почеток