„На свадбата на Мијалкови било забрането да се свири ‘Туѓа си бескрајно’ пошо го потсеќала свекорот на конфискуваните станови“ – свадбата донесе хаос од коментари
Свадбата во семејството Мијалкови, чиј прв човек е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, донесе контроверзии и коментари од јавноста. Фотографии од гостите кружат на социјалните мрежи, беше доделен и прекарот „милионска свадба“, а не останаа незабележливи ниту критиките. Најбројни се коментарите дека Мијалкови направиле богата свадба со парите од граѓаните на Македонија.
Иљче Затаракоски, познат критичар на состојбите во Македонија, напиша и сподели неколку свои мислења во врска со оваа свадба, за која се зборува два дена во јавноста.
„Фала Богу шо напраја Мијалкови свадба, да имат од шо да живеет ‘ѕвездиве’ кај нас. Пошо очигледно достоинството и интегритетот не им се така битни ко хонорарот. Така кловнови?“, напиша тој.
Потоа, искоментира и: “Не настапи некој професор од правен на свадбата на Мијалков? Барем Калајџиев и Чупеска да исполнеа по еден монолог за тоа како е подобро украдените државни пари да се трошат на вакви убави нешта како свадби, отколку да се конфискуваат. Шо им е тешко…ставаш жетон и тие почвет“.
Неизбежен беше и ироничен коментар.
„На свадбата на Мијалкови било забрането да се свири песната “Туѓа си бескрајно” пошо го потсеќала свекорот на конфискуваните станови“, напиша Затаракоски.
Остра критика и од ексобвинителот, сега адвокат, Воислав Димоски.
„Народот има полно право да покажува интерес за свадбата на Мијалковци со оглед дека истата ја плаќа“, напиша тој.
Свадбата чинела милиони. Скапи пејачи од Балканот и пошироко, уредуавње на ентериерот кое изгледа, а и по се, можеби и чини скапо – го обиколи интернетот.