Вчера, во 21.20 часот, на локален пат за местото наречено Крушино, Кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Ј. Л. (51) од с. Зајас, Кичевско. Кога ги забележал полициските службеници, тој фрлил кеса со бела прашеста материја, која e пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојувал Ј. Л., при што биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.