Хајредини впери прст во Агелер и Гир: Знаеа и дадоа согласност!
Од
Објавено на
Политичкиот аналитичар, Џевдет Хајредини, го впери прстот во амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер и евроамбасадорот Дејвид Гир. Според Хајредини, дале согласност за да се ослободат обвинетите и осомничените ексфункционери, актуелни функционери, како и бизнисмени – од кривично гонење.
„Од ‘сите ќе си лежат’, со знаење и согласност на Агелер и Гир, дојдовме до ‘никој нема да лежи’. П.с. На власт биле и ќе останат корумпирани и амнестирани криминалци“, напиша Хајредини.
Тој и претходно упатувал силни критики.
„Со Ковачевски и Али Амети на власт, Македонија, поради криминалот и корупцијата, е и ќе остане во безизлезна ситуација“, напиша Хајреидни