Подбивање со Пендаровски: Ко некој намерно да искористи криминални разговори за да дојде на власт, а после го укина СЈО, ги затвори сите истраги и ги забрани бомбите


Медиумското излагање на претседателот Стево Пендаровски во која кажа „Намерно се застаруваат предмети, мора да се открие зошто”, го предизвика критичарот Иљче Затаракоски да му посвети неколку објави на социјалната мрежа „Фејсбук“. Пред да му постави прашања, Затаракоски, иронично му одговори на прашањето пишувајќи: „Шо знам Шерлок, ваљда гените им се такви па побрзо стареет, не гледам друга причина…“.
Но со ова не застана ништо. Веќе два дена, нови коментари од Затаракоски поврзани со актуелни политички прашања осамнаа на социјалните мрежи.
„Добар ден Стево Пендаровски. Знам дека е неработен ден, ама за нас детективите нема одмор, па ми текна: ко некој намерно да искористи криминални разговори за да дојде на власт, а после го укина СЈО, ги затвори сите истраги и ги забрани бомбите за никој да не оди во затвор. Многу сомнително“, напиша тој.
Се започна завчера (сабота), кога означувајќи го на социјалните мрежи, Затаракоски му посака добра ноќ.
„Стево Пендаровски ќе ти посакав убави сништа, ама знаејќи дека криминалот никогаш не спие, значи не спиеш ни ти. Се пишиме сабајле“, стои во објавата.
А и на ова, имаше претходница.
„Стево Пендаровски извини вака, можда досадвам, ама уште нешо ми текна…ко некој намерно да го пушти и Груевски да избега… Многу истраги ни се отворија упм, ак требит помош титни, ќе те блокирам!“, напиша Затаракоски.
Пендаровски ги потпиша измените на Законот за кривична постапка. Па поради ова, Затаракоски иронично му порача: „… Исто така пожелно е да се открие кој потпишува закони со кои делата застаруваат уште побрзо од планираното“.
Последен во оваа низа е ироничниот коментар кој гласи: „Господине Стево Пендаровски, исто треба да се открие зошто застаруваат делата само на политичарите, а не и на сиромашните. Се игра некоја игра“.
