Скопје

(Видео) Сведоштво од Карпош: Мајка ми беше мртовец, се јавив во Брза помош и ми рекоа дека имам забрана оти често сум ги барала

Соња Стамбовска од Кaрпош која сама се грижи за својата 94 годишна мајка Јела, која боледува од Алцхајмер и има повеќе хронични заболувања води битка со брзата помош. Тврди дека во моменти кога лекарската екипа и била најпотребна не и помогнала. Дури како што раскажува пред камерата на Алфа, била ставена и на црната листа на брзата помош. Неколку пати се нашла во ситуација да ги повика, но последниот пат како што раскажува одбиле да и помогнат и не ја знае причината за тоа.

„Мајка ми тотално се изгуби и беше мртовец. Што да и правиш во таа ситуација? Се јавувам, напрајте вака, напрајте онака, не можеме да дојдеме. Јас бев потресена и плачев. Викам, не е работата да и помогнам јас. Треба медицинска помош, мајка ми можеби е умрена. Дојдете да установите смрт. Они ми рекоа, мајка ти е стара и имате забрана вие за Брза помош, бидејќи често сум ги барала. А зошто ги барам често. Јас живеам сама.“ – Раскажува Стамбовска.

На почеток