Скопје

Бил пријавен за исчезнат: Утврден идентитетот на мртвиот човек најден во Вардар во Карпош

Машки труп беше пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На почеток