Ново пукање во „Ист гејт“: Мета пак бил Раде Штекли, овојпат бил ранет
Уште едно пукање имало во трговскиот центар „Ист гејт“, а мета бил Раде Трајковски Штекли, дознава „Скопје1“. Овојпат, неофицијално, тој бил ранет. Ова е вторпат во два месеци тој да биде мета. Во кој дел од трговскиот центар се случило пукањето – не се знае.
Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.