Македонија

(Фото) Прегазена мечка пред селото Вејце, се бара кој удрил во неа

На патот кон село Вејце, утринава, била најдена мала мечка, која настрадала во сообраќајка.

„Денес утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк “Шар Планина” пријави дека на локалниот пат кон с. Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител“, велат од ЦУК.

Екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.

На почеток