Штекли носел заштита на себе и се освестил, придружбата му е и натаму во животозагрозувачка состојба и му претстои нова операција
Раде Трајковски-Штекли е во стабилна состојба на Клиниката за торакална хирургија, откако му е извршена операција. Извори за „Скопје1“ коментираат дека тој поминал подобро од неговиот придружник кој е во потешка состојба, бидејќи на себе носел заштита како панцир. Штекли е контактибилен, а извадено му е левото белодробрно крило, а се наоѓа на интензивна нега.
Во стабилна, но животозагрозувачка состојба е неговиот придружик, чиј идентитет во јавноста се уште не се открива. Имал скината слезина, повреди во црн дроб, надлактица, дебело и тенко црево, а „Скопје1“ веќе објави дека бил погоден со повеќе куршуми отколку Штекли. Наши извори брифираат дека на него ќе му престои уште најмалку една операција, поради сериозноста на повредите.
„Скопје1“ објави детали за пукањето. Четири куршуми завршиле во Штекли, додека од шест до осум во неговиот придружник. Неофицијално, сами се возеле до болница. Има и снимка од моментот на пукањето, а се гледа како лице облечено во бел дуксер, се приближува кон ескалаторите во моментот кога двата таргети се симнуваат по ескалаторот и почнува да пука. Потоа продолжува да бега. Но, ова не било единственото место за пресметка, туку истата продолжила.
Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.
Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
ПОВЕЌЕ:
(Фото) Ова е лицето што пукаше во „Ист гејт“, МВР го бара преку известување