Скопје

(Видео) Ексклузивна снимка од пукањето во „Ист Гејт“

Снимка од надзорните камери покажува како се одвивал првиот дел од пукањето кон Раде Трајковски-Штекли и неговиот пријател. Додека тие спокојно се движат низ трговскиот, се спушаат со ескалаторот кон паркингот – лице облечено во бело и со капче пука кон нив.

Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.

Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли кој е веќе на операција, рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.

Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Детали за пукањето во „Ист гејт“: Ранетиот Штекли сам возел кон болница, надзорните камери ги даваат одговорите за пукачите

На почеток