Скопје

Детали за пукањето во „Ист гејт“: Ранетиот Штекли сам возел кон болница, надзорните камери ги даваат одговорите за пукачите

Полицијата пристигнала на увид во трговскиот центар „Ист гејт“, каде имаше пукање, а ранет беше Раде Трајковски Штекли. Според извори на „Скопје1“, Штекли сам со свој автомобил се упатил во болница. Типот на повредата засега не се знае.

Истовремено, улицата пред „Ист гејт“ е блокирана, а не се знае дали лицата кои со пиштол влегле во трговскиот центар се уапсени. „Скопје1“ дознава дека се проверуваат сите снимки од надзорните камери, преку кои се утврдуваат учесниците во пукањето.

Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Повеќе:

МВР за пукањето во „Ист гејт“: Две лица се ранети

Ново пукање во „Ист гејт“: Мета пак бил Раде Штекли, овојпат бил ранет

На почеток