МВР за пукањето во „Ист гејт“: Две лица се ранети
Од
Објавено на
Министерството со првични информации за пукањето во трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Едното лице е потешко повредено и се подготвува за операција. Според извори на „Скопје1“ тоа е Раде Трајковски Штекли. Другото лице е полесно повредено.
„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.