Познато името на началникот од МВР кој е осомничен сосе Штекли: фотографија од негов наводен видео-чет со Шеваљ кружеше на интернет
Горан Ангелов, началник на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи е осомничениот дека работел во корист на нарко-картел од Скопје, дознава „Скопје1” од извори во истрагата.
Станува збор за лице кое изминатите години беше високо раководно лице во МВР. Тој не е успсен, но неофицијално, останал без телефонски уред кој му е одземен на вештачење – информација која засега е непотврдена.
Името на Ангелов-Бапчо не е првпат да се споменува во јавност и да се носи во корелација со заштитување на криминогени структури кои треба да ги гони. Изминатата година на социјалните мрежи беше споделуванс фотографија чија автентичност не се потврди – а на неа беше Ангелов-Бапчо и шефот на нарко-клан, Шеваљ Муареми. За ова досега немаше никаква постапка.
Детали за постапката против началникот се очекува од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.