(Видео) Раде Штекли и дел од „неговата” група донесени во Кривичен суд, Обвинителството бара притвори


Познато е што е запленето по вчерашното апсење на Раде Штекли и групата – дел донесени во суд.
Запленети се 325.000 денари и 3.995 евра, четири ПМВ, 12 мобилни телефони, еден пиштол марка Зораки 9 мм и 22 куршуми, семки од НН растение, НН растителна материја со зелена боја, пет дигитални ваги, неутврдена количина на бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видео рекордер, едно УСБ и др., од кои дел ќе бидат предмет на вештачење.
Раде Штекли и дел од „неговата“ се група донесени во Кривичен суд. Обвинителството бара притвори по повеќе основи.
За некои осомничени ќе се бараат други мерки за обезбедување присисуство.
