Македонија

(Видео) Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

„Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава“, посака Танески.

„Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја“, порача владиката Партениј.

Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

На почеток