Македонија

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош, којшто денеска го фати крстот.

Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.

Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, додаде Филипче.

На почеток