Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Поранешниот началник на МВР, Ѓурчевски за пукањето: Факт е дека станува збор за нарачано убиство кое мора да биде реализирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
gjurcevski

Поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски, за „Скопје1“ го анализираше пукањето во трговскиот центар „Ист гејт“. Тој е дециден дека ова било планирано, додава дека станува збор за нарачано убиство и алармира дека доколку Раде Трајковски-Штекли преживее – ќе има и нов обид за негова ликвидација. Според Ѓурчиновски, загрижувачки е што пресметките од подземјето се случуваат на јавни места.

„Факт е дека станува збор за нарачано убиство кое мора да биде реализирано. Имавме еден вооружен напад, спрема истото лице, Штекли, пред два месеци кога беше во блиндираното возило. Ова е втор напад. И ако преживее, верувајте дека ќе има уште напади. Кога станува збор за пресметки на организираните криминални групи, дали се тоа за неплатена пратка дрога, дали е тоа за соработка со безбедносните служби, дали е должничко-доверителски спор, внатре – ако падне одлука дека некој треба да биде ликвидиран, тоа нема назад. Да не се лажеме, тоа се мафијашки методи на делување, од кои, они успеваат да го контролираат, јас викам, 00,1 отсто од светската популација односно врските меѓу криминалните групи“, вели Ѓурчевски за „Скопје1“.

Тој додава дека МВР има оперативни информации за криминалните групи, па укажа и на превентивната функција која ја има полицијата.

„Мене ме загрижува што тие пресметки се случуваат на јавни места, каде има голема фреквенција на луѓе, каде може да дојде до несакани жртви, до случајни жртви. Може да биде убиено дете, жена и така натака. Тоа посебно ме загрижува. Затоа во сите мои настапи, го повикувам МВР да е повеќе превентивно присутно точно на такви места – трговски центри, јавни места, плоштади. Во МВР јас верувам дека се уште има добри старешини кои знаат да планираат по време и место на сторување на кривични дела, како да ги насочат службите – униформираната полиција, крим полицијата и така натака. МВР има оперативни информации каде се движат криминалните групи, што работат, кои им се местата на собирање, пиење кафе, престој во хотели и така натака“, додаде поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски за „Скопје1“.

— реклама —

Дециден е дека тие кои сакаат да го ликвидираат Штекли, претходно му го следеле секој чекор. Однапред најавува дека пресметките нема да застанат додека таргетот не биде ликвидиран.

„Штекли е следен. Секој чекор му е следен, да не се лажеме дека тој случајно, баш во тоа време, ќе се најде таму – не. Како што работат организираните криминални групи, МВР требало да претпостави дека овој напад нема да прекине. Како јас однапред најавувам, а по сите медиуми зборував дека пресметките помеѓу организираните групи и нарко-дилерите, како и оние кои работат на меѓународен транспорт на дрога, кои поминуваат низ Македонија, нема да престанат. Борба е за превласт, кој ќе ја контролира оваа територија“, посочува Ѓурчевски.

Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

— реклама —

WhatsApp-Image-2023-10-25-at-01.34.49

(Фото) Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ има променет идентитет со силиконска маска?

Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ кон Раде Трајковски-Штекли и неговата придружба, можеби на себе носело силиконска маска со која го променило својот лик, дознава „Скопје1“. Со тоа, тој успешно се сокрил од идентитетот од безбедносните камери. Станува збор за добро планирана ликвидација, велат познавачите. Овој податок треба да го провери и утврди и истрагата која ја води скопското Јавно обвинителство. Ова лесно се утврдува преку следење на мимиката на ликот – бидејќи доколку носи маска за криење,

Македонија | пред 2 години

— реклама —

collage-2

(Видео) Ексклузивна снимка од пукањето во „Ист Гејт“

Снимка од надзорните камери покажува како се одвивал првиот дел од пукањето кон Раде Трајковски-Штекли и неговиот пријател. Додека тие спокојно се движат низ трговскиот, се спушаат со ескалаторот кон паркингот – лице облечено во бело и со капче пука кон нив. Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

Пресуда за Штекли и уште четворица обвинети за трговија со дрога

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

Адвокатот на Штекли: Обвинителството не докажа ништо, постапката со сериозни пропусти

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Македонија | пред 8 месеци

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања