(Нови фотографии) Што прави лицето кое пукаше по Штекли, неколку минути порано
Лицето кое имаше мисија да го ликвидира Раде Трајковски-Штекли, непосредно пред пукањето, седело во кладилница во трговскиот центар „Ист гејт“. Се било смислено и со план. Тоа го потврдува и фактот што кладилницата се наоѓа на катот -1 во трговскиот, од каде поминува и Штекли со придружникот – што се виде и од снимката која протече во јавност.
На фотографиите направени од снимките од надзорните камери, до кои дојде „Скопје1“ се гледаат два моменти. На првата, тој влегува во кладилницата, седнува на маса, која неофицијално, се наоѓа близу до излезот од објектот. Потоа седнува, и постојано чепка на неговиот мобилен телефон, кој е модел „Ајфон“. Според наши извори, во следните моменти, тој станува и се случува пукањето, а откако Штекли и придружбата се на ексалаторот.
Од фотографијата на која лицето е во стоечка положба, се гледа дека џебовите од дуксерот, од каде подоцна го вади пиштолот, не се празни. Токму оцртувањето на дуксерот, покажува дека во тој момент пиштолот е подготвен и на дофат. Од истрагата за „Скопје1“ велат дека се отвора прашањето, дали и колку други лица се вклучени во операцијата за ликвидација. Се наметнува и прашањето, дали додека лицето чекало во кладилницата, разменувал фотографии од таргетите и информации за патеката по која се движат.
Полицијата се уште трага по сторителот. Поминаа повеќе од 24 часа, прегладни се снимките, а постојат и првични индиции. Се расчистува и дилемата дали лицето носело силиконска маска за да го скрие неговиот лик. Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР за „Скопје1“ вели дека МВР не смееле да објават никаков податок во јавност, ниту фотографија – бидејќи тоа се докази во постапка. Посочува дека е можно како основано сомнение да стои дека лицето кое пука има променет идентитет – но тоа треба да го утврди истрагата.
(Фото) Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ има променет идентитет со силиконска маска?
Ликвидацијата на Штекли била планирана. На тоа укажува и постапувањето на лицето кое пука. Внимателно се доближува до ескалаторот кога Штекли и неговата придружба се симнуваат, па пука. Но, не повредува ниту еден друг, иако во моментот има сведоци. Вешто успева да излезе и од трговскиот центар. Ова укажува дека станува збор за пресметка и дека никој друг не бил загрозен.
Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.