Скопје

Бебе и велосипедист повредени во сообраќајката во Аеродром, МВР со детали

Автомобил удрил во велосипедист, а потоа, велосипедистот во количка за дете во кое имало дете. Од МВР за „Скопје1“ велат дека велосипедистот и детето имаат повреди, а пуштени се на лекување.

„Пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37), количка за дете, во која имало дете. На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување“, велат од МВР.

Засега причините за сообраќајката не се познати се утврдуваат.

(Фото) Несреќа во Аеродром на пешачки: паднат велосипед, оставена празна количка за бебе

На почеток