Скопје

Ќе биде ли легална: Зградата од 17-ката за која Карпош даде дозвола да се гради кај болницата „8 септември“ не исполнува услови

Зградата на 17 ката која треба да се гради во скопски Карпош, на просторот меѓу поликлиниката „Букурешт“ и Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ зад приватната болница „Жан Митрев“, нема комплетна документација за да може да добие услови за градба со тој габарит, а потоа и легална градежна дозвола, пишува „СДК.МК“.

Според пријавата што ја добивме на алатката Пријави корупција на САКАМДАКАЖАМ.МК, толку голема зграда не ги исполнува потребните услови и не добила позитивно конзерваторско мислење. Со тоа, Општина Карпош не смее да издаде градежна дозвола, а ако издаде тоа ќе биде спротивно на закон. САКАМДАКАЖАМ.МК независно ги верификуваше информациите од пријавата.

Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство.

На почеток