Коментари

Пошто ние сме Њујорк па не знаат каде да бараат, Спасовски ја прави јавноста будала и заглибува во мочуриштето на тешкиот криминал, критикува Јоци за истрагата за Штекли

Политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци, смета дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потфрлил во работењето, бидејќи нема имиња и информации за пукањето кон Раде Трајковски-Штекли. Таа ја искоментира веста во медиумите дека е најден запален автомобил во Сарај, за кој се верува дека има поврзаност со обидот за ликвидација.

„После 6 дена, О.Спасовски го нашол аудито запалено во Сарај, хаха. Пошто ние тука Њујорк сме, па не знаат каде и кого да бараат. Во Скопје има камери на секој чекор плус и оние од Safe city, а Спасовски цела јавност ја прави будала, а со тоа заглибува подлабоко во мочуриштето на тешкиот криминал. Ако почекаше уште малку, можеби ќе ги најдеше само тркалата.

Дури и ‘подземјето’ знае дека на Спасовски му се одбројани министерските денови, па да искористат вакуум да си ги израмнат меѓуклановските сметки. По сите афери и вакви скандали, по смена на власта, логично – Ољивер би требало прв да биде предмет на куп истраги, пишува Јоци.

Претходно, Спасовски кажа дека има осомничени за пукањето, но не посочи детали. Се појавија и информации дека е склопен ДНК профилот на пукачот, но негови траги нема во македонските системи. Побарана е меѓународна правна помош.

На почеток