Скопје

Универзална сала може да падне – предупредувањето стигнало до Стојчевска, а е од ИЗИС

Универзална сала може да падне, тврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска пред новинарите. Според неа, ваквата состојба ја утврдил ИЗИС. Таа кажа дека Владата ја нема преземено бидејќи нема договор помеѓу Владата и Град Скопје за предавање на ингеренциите, како и документацијата.

„Во јуни добив две известувања од ИЗИС дека Универзална сала е во опасност, дека може да падне“, тврди Костадиновска Стојчевска.

Таа додава дека ова е поради тоа што долго време стоела отворена, во сите годишни сезони.

„Следува време на зима, на дождови, на ветрови и на снегови и мора да се затвори. Јас неколку пати се јавував, апелирав. Градоначалничката Арсовска рече дека службите го подготвуваат процесот. Универзална сала уште е на Град Скопје. Тоа е децентрализирана установа на Градот“, рече Костадиновска Стојчевска на брифингот.

Универзална сала е затворена 8 години и буквално скапува разурната оти Арсовска не ја гради.

На почеток