Коментари

„А бе соземете се – партија водите, не фолклорно друштво“ – Пецаков удри и по СДСМ

Организацијата на СДСМ во Охрид го доведе во прашање греењето во јавниот сектор во градот, на што градоначалникот Кирил Пецаков им порача дека со објавите на социјалните мрежи се однесуваат комично. Тој додава дека му е жал што во претходната објава му посветил време на премиерот Димитар Ковачевски кој има намера да го раскинува договорот за автопатот, бидејќи требало директно да го искоментира однесувањето на владеачката партија.

„НАСЛОВ: „Грејна сезона“. Нешто од прилика како наслов за видео за стенд ап комедија, од рубриката загрижени граѓани…(инстаграм, тик ток , фб и останати социјални мрежи) Веќе ми е криво шо го пишав претходниот пост, требеше директно за оваа јавна прозивка… А бе соземите се партија водите, не фолклорно друштво…( по шо секако не ве биват за водење ДРЖАВА)“, напиша Пецаков.

Пред ова, Пецаков жестоко го искритикува Ковачевски.

Пецаков по ставот на Ковачевски: Македонија, поненормална власт немала, ама и нема ни да има!

На почеток