Портокаловото предупредување за невреме, ризик од поплави и силен ветер на брегот на Тоскана од север до Пиомбино останува во сила и денеска, објавија претставници на регионот Тоскана.
Поради опасност од поплави, во северниот дел на Тоскана останува и жолтото предупредување, пренесе Анса.
За утре, регионот издаде жолто предупредување за опасност од поплави и силни грмотевици во северозападна Тоскана, како и за невреме во архипелагот и силни ветрови во јужна Тоскана.