Свет

Првиот говор на лидерот на Хезболах од почетокот на војната: Сите сценарија се отворени

Првиот говор на лидерот на Хезболах од почетокот на војната: Сите сценарија се отворени

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах во денешниот говор рече дека не може да се исклучи поширока регионална ескалација доколку Израел продолжи со војната во Газа, во неговиот прв говор по избувнувањето на војната.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади луѓе го следеа долгоочекуваното телевизиско обраќање.

Во своите долги коментари, Насралах рече дека „сите сценарија се отворени на јужниот фронт на Либан“ и дека „што ќе се случи таму ќе зависи од она што ќе се случи во Газа“, повикувајќи го Израел да ги запре нападите врз опколениот Појас за да избегне регионален оган.

Лидерот на Хезболах го пофали нападот на Хамас пред четири недели, чија цел беа села и воени позиции во јужен Израел.

Во нападот во Израел загинаа повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили, според израелските власти.

Во овој момент не се знае каде точно се наоѓа и од каде зборува. На почетокот на своето обраќање, лидерот на Хезболах им оддаде почит на „либанските и палестинските маченици“ кои загинаа во конфликтот.

Тој вели дека некои либански и палестински борци кои загинаа во операцијата „Тајфун Акса“ добиле медал и дека денеска се разговара со нивните семејства.

„Ако сакавте да барате војна со сите права етички, морално и религиозно, не можете да најдете војна“, додава тој.

Насралах рече дека операцијата тајфун Акса се проширила од Газа во Либан и други региони.

Тој нагласи дека ова е „битка против ционистичките освојувачи“.

Лидерот на Хезболах им се заблагодари на „сите во Јемен и Ирак кои се приклучија на борбата“.

„Битката продолжува“, рече тој.

Насрaла, исто така, рече дека операцијата е 100 отсто палестинска одлука.

„Оваа операција е одлична, оваа света операција беше 100% палестинска и спроведена од Палестинците. Немаше негативна страна на оваа операција, а тие не можеа да сторат поинаку“, посочи Насрала.

На почеток