Адеми да каже дали обвинувањта за притисоци се нејзин став или на судиите, побара Николовски кој најави како ќе го испита ова


Ивица Николовски, член на Судски совет бара појаснување од претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, дали обвинувањата за политички притисоци се нејзин став или тоа се поплаки односно изјави од судиите. Тој посочува дека ако не остварат средба, ќе се продолжи на друг начин односно разговор со другите судии на Врховен.
„Заземен е став дека ние ќе го испитаме до крај ова прашање, за да видиме дали тоа се лични ставови на претседателот на Врховен суд или се споделени ставови и мислења на судиите од Врховен суд, кои претседателот во нивно име ги пренесува. Тоа значи дека дали ние ќе одиме на посета во Врховен суд или ќе бидат повикани колегите тука – дополнително ќе ја одлучиме формата“, вели Ивица Николовски, член на Судски совет.
Тој посочува дека тие не треба да дојдат во Судски совет на информативен разговор, туку на разговор за да им се понуди помош.
Претходно, Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет не го смета за правилен чекорот на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која не дојде на работниот состанок. Смета дека членовите ќе ја заштителе. Нагласи дека биле подготвени за разговор. Проблемот ќе се решавал со дискусии и прашања.
