Охрид

Историскиот автопат Кичево-Охрид пред нов предизвик: почна ревизија која може да доведе до раскинување на договорот со Кинезите

Почна ревизијата за патот Кичево-Охрид која може да доведе до раскинување на договорот со Кинезите

Во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции за изградба на автопатската делница Кичево -Охрид.

Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта објави дека преку Надзорниот орган ангажира експрест за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

„Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата на Република Северна Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект. Дополнително, информираме дека појавени се единесет нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експрети кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект“, велат од Министерството.

Се додава дека реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Северна Македонија, истиот е дел од Коридор 8 како главен европски коридор. Приоритет на Владата е завршување на овој проект и во таа насока ќе се преземат сите активности за негова реализација, велат од министерството.

Минатата недела можност за раскинување на договорот навести премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради веќе над 10 години, а сè уште да не е направен.

На почеток