Трагедија: Едногодишно бебе почина во охридската болница

Од
Објавено на

Едногодишно бебе почина денес во охридската болница.
Според информациите од СВР Охрид, бебето, утрово, во 7.44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт.
Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.
За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.
