Македонија

Приведен шверцер на мигранти за издржување шестгодишна затворска казна

Приведен шверцер на мигранти за издржување шестгодишна затворска казна

Вчеравечер, околу 23.30 часот, на местото наречено Ветерско во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода 36-годишниот Ќ. Н. од село Сингелиќ, сСопско, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела шверцување мигранти по член 418 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицето било предадено во СВР Велес по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.

На почеток