Вчера, во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 23-годишниот А. Ј. од Штип, извести МВР.
„При претрес извршен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога во домот и помошни простории, сопственост на неговиот брат Т. Ј. (32), во кој заедно живееле, по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.
По комплетирање на случајот, против А. Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.