Свет

Пронајден титаниум диоксид во бисквити од Србија: Хрватска ја врати пратката

Пронајден титаниум диоксид во бисквити од Србија: Хрватска ја врати пратката

Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) објави дека на почетокот на месецот е вратена пратка бисквити од Србија наменета за хрватскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

На веб-страницата се наведува дека на 2 ноември поради титаниум оксид (Е171) бисквитот му бил вратен на испраќачот поради потенцијален ризик по здравјето на луѓето, пренесува Данас.

Потсетуваме дека во јануари 2022 година, Европската комисија за безбедност на храна донесе регулатива со која се забранува употреба на овој додаток во храната.

Имено, титаниум диоксидот е природен титаниум оксид кој е широко користен, меѓу другото, како состојка во бои, креми за сончање или прехранбени бои.

Како додаток на храна ја има ознаката Е171, а Европската комисија за безбедност на храна изјави дека постојат основани сомневања дека овој додаток предизвикува генотоксичност.

Тоа значи дека внесувањето на титаниум диоксид може да доведе до промена на гените, односно човечкиот геном, што би предизвикало разни болести, па дури и рак.

Покрај тоа, француските научници во 2017 година докажаа дека кај стаорци, редовното орално внесување на адитивот Е171 доведува до слабеење на имунолошкиот систем и воспаление на цревата. Имено, истражувањата покажуваат дека супстанцијата ја пробива цревната мембрана и стигнува до крвта во форма на наночестички.

На почеток