Свет

Силен земјотрес го погоди Тексас

Силен земјотрес го погоди Тексас

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западен Тексас, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 151 километар западно-југозападно од Одеса, а се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

На почеток