Свет

Политичар застрелан во Мадрид, полицијата трага по осомничениот

Политичар застрелан во Мадрид, полицијата трага по осомничениот

Поранешниот шеф на шпанската народна партија во Каталонија, Алехандро Видас Куадрас е застрелан  во Мадрид, соопшти локалната полиција.

dobivaj vesti na viber

Според шпанските медиуми, инцидентот се случил во центарот на Мадрид околу 13 часот и 30 минути, по што политичарот бил пренесен во болница, пренесува Ројтерс.

Полицијата трага по мотоциклист во врска со пукањето, велат од агенцијата и додаваат дека областа каде што се случил инцидентот е оградена. Видас Квадрас беше член на Европскиот парламент од 1999 до 2014 година, а беше на позицијата прв потпретседател на Европскиот парламент од 2004 до 2007 година.

Тој беше долгогодишен член на Народната партија, по што помогна во основањето на екстремно десничарската партија Вокс, која подоцна ја напушти.

На почеток