Скопски „Водовод“ ќе стрела: набави услуги за гаѓање на стрелиште, во чиј опис стои обука со огнено оружје
Скопското претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи услуги со опис „обука и симулации во врска со огнено оружје и муниција“, која јавна набавка ја доби најповолен понудувач. Според Системот за јавни набавки, претпријатието чија дејност е водоснабдување, направена е одлука за најповолна понуда.
Набавката ја доби Комората за приватно обезбедување, која ќе овозможи користење на услугата „гаѓање на стрелиште“. Проценета вредност на набавката со ДДВ е 177.000 денари, кои ќе треба да ги плати претпријатието.
Засега не е познато зошто е потребна набавката на вакви услуги. „Скопје1“ испрати прашања до портпаролката на претпријатието, како и до директорот Драган Илиевски, со кои бараме одговори, кој и зошто ќе посетува вакви обуки. Оттаму, очекуваме одговор.
Инаку, изминатиот период, претпријатието беше актуелно и по турканиците помеѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Причината беше заклучена сала.
Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија