Ќе крахира ли јавниот превоз – ЈСП одговара дали има најави за штрајк, но и дали има гориво
Информации за штрајк на приватните превозници поради неисплатени средства за гориво, кружат во јавноста. Од ЈСП, пак, негираат. Тврдат дека се е во најдобар ред.
„Вистината е дека јавниот градски сообраќај функционира непречено, редовно и без застој. Нема најави за штрајк, ниту пак недостаток на гориво.
Обврските кон приватните превозници се сервисираат тековно и без застој.
Апелираме уште еднаш, медиумите да не предизвикуваат паника со ширење на лажни вести. Истовремено, ги повикуваме и еснафските здруженија на новинари ЗНМ и МАН да реагираат на ваквото грубо прекршување на етичкиот кодекс на новинарите и злоупотребата на медиумот во исполнување на политички агенди“, велат од ЈСП.